Испечати

Солени бомбици

Солени бомбици

Состојки

  • 1 маргарин (може и путер)
  • 1 парче сирење ( околу 400 гр.)
  • 2 моркова поголеми
  • 200 гр. сусам печен
  • 300 гр. салама ( шунка,маратадела, свински врат..)

Подготовка

Пенесто се мати маргаринот, и во него се додава сирењето и заедно се матат со миксер. Потоа се додаваат сецканите варени моркови, сусамот, ама да биде ладен за да не го растопи маргаринот, и сецканата салама, таа може да биде по избор. Потоа од смесата се прават топчиња и се валкаат во сусам, буковец, мак..
Доклоку смесата не е многу стегната може да се стави во фрижидер малку да се стегне и потоа да се прават топчиња.
А може и да се сервира и во тањирче како салата.