Сок од малини
Во овој пролетен период следи чистење на овошните резерви од фрижидер и како предлог може да го искористите овој рецепт.
Малините се ставаат во подлабок сад и се полеваат со вода. Смесата нека одстои 5-6 часа, а потоа се процедува низ цедалка и низ ситна газа.
Се става во подлабок сад и се додава шеќерот и лимонтусот и циметот.
Циметот најповеќе го ставам да не се почуствува мирис од фрижидерот така да кој не е љубител на цимет не мора да става. Јас дури бев изненадена на спојот од малини и цимет-одличен вкус.
Се меша се додека не се растопи шеќерот и се собира во шишиња. Се чува во фрижидер и пожелно е да се искористи во рок од 7 дена.
Сокот бидејќи не се вари многу е освежителен и вкусен.
Од оваа доза излегуваат околу 2л сок - сируп за растварање.
Лиценца: Сите права се задржани