- Во подлабок сад во кој ќе месите ставете го киселото млеко кое е на собна температура, растворете ја содата бикарбона во него, додадете солта и шеќерот започнете да го додавате брашното. Замесете меко тесто кое не се лепи за раката.
Удирајте го од работната површина околу 40 пати, покријте и оставете да одмори околу 30 мин. Потоа извадете го тестото на побрашнета хартија за печење и со рака (не со сукало) оформете погачката во дебелина од околу 4-5 см. , ставете да се пече во претходно загреана рерна на 180 или 200 степени - зависно од рерната.
Јас ја печев на 200 степени околу 30 мин. затоа што ја брзав и мораше да напука, кога ја печам на 180 степени истата само нараснува и се пече без да испука. Печена ја премачкав со масло, покрив со крпа, истата омекна.
Оваа погачка можете и да ја оформувате како сакате. Кај мене како маргаритка изгледаше затоа што ја натиснав со разделувачот на торти, потоа во средината со чепкалка направив дупчиња.
- Овде пишувам и компирово брашно, да, токму така, си добив компирово брашно, не е истант пире туку брашно. Секако дека можете да ја месите оваа погача со пченично брашно кое во зависност од истото потребно е 600 гр. во сооднос на киселото млеко, а доколку ви лепи за раката почнете полека да додавате уште малку брашно, но не повеќе од 650 до 700 гр.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани