Снежните топки на Купидон за двајца
Во длабок сад измешајте ги крем-сирењето, едамерот и моцарелата (искинете ја со раце, на поситни парчиња), омекнатиот путер и исечканите оревчиња/лешници. Замесете ги сите состојки и правете бомбици со големина на орев. Валкајте ги во пармезан и ставете ги малку во фрижидер. Потоа со пршутата го завиткуваме секое топче, го набодуваме со дрвена чепкалка и на неа боцнуваме и по едно ливче босилек или мента. На убава овална чинија за служење ги редиме "снежните топки на Купидон" а на средина ставаме мал сад со Heinz сосот од кари. На краевите на чинијата ставаме по неколку триаголници пченкарен чипс скалесто наредени и романтичниот деликатес за двајца е готов.
*Доколку вашиот/та сакан/а не обожава сирење, крем-сирењето заменете го со зденки, моцарелата со густа павлака а пармезанот со здробени солени крекери - и се ќе биде како што треба!
Лиценца: Сите права се задржани