Овај пат ќе ви го споделам рецептот за слатко од цреши кое го правевме и сеуште го правиме кај мајками. Сигурна сум дека сите си имаме некоја своја верзија, но ова е нашата и можеби на некој ќе му се најде, секако наредниот период е периодот на црешите.

Подготовка:

1. Во шерпа се ставаат ред цреши, ред шеќер и се така додека не ги потрошиме црешите. Потоа вода ставаме околу 10цм над црешите, или како што вели мајка ми еден прст над црешите.
Ги вариме на тивок оган, и постепено како што се прави пена ја вадиме.
2. Откако ќе се извари, вадиме малку на тацна, и со лажиче проверуваме дали е готово, односно гледаме дали е густ шербетот.

Слаткото го собирам во тегли додека е сеуште топло.
Морам да признаам дека вака направеното кај нас трае со години, односно не се расипува.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови