Малините измијте ги под млаз вода и оставете ги да се исцедат. Откако ќе се исцедат во сад се става ред малини, па се прскаат со лимонтусот кој претходно сте го раствориле во водата (да останат цврсти и да не се растурат при варењето), па ред шеќер... повторете ја истата постапка до трошење на целокупната количина. Покријте го садот и оставете го најмалку 12 часа да стои покриен. Откако ќе поминат 12 часа ставете го садот на јак оган и од кога ќе зоврие нека се вари 15 минути. Тргнете го садот од оган и покријте го со влажна кујнска крпа. Изладеното слатко соберете го во суви тегли. ЗАБЕЛЕШКА Слаткото од малини најубаво е кога се вари во мала количина. Од оваа мера ќе ви испаднат 3 тегли од 400мл.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови