31
авг
2015
Слатко од зрели смокви
Смоквите се лупат внимателно за да останат цели. Шеќерот се налева со ладна вода и меша додека да се растопи.
Потоа смоквите се ставаат во поголема шерпа, се прелеваат со сирупот, па садот се става на умерена температура. Смоквите се варат околу 90 минути.
Повремено се протресува, но не се меша!
Пред крај (~10 минути) се додава еден лимон исечкан на тркалца. Откако ќе испари водата, слаткото се покрива со крпа и се остава да излади. Ладното слатко се складира во суви тегли.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови