Слатки сарми со јагоди
1. Пресечете ги јагодите на помали парчиња и додадете 50 гр шеќер, промешајте и оставете ги на страна околу 30 минути. Потоа исцедете ги од течноста т.е. од нивниот природен сок.
2. Земете една кора, премачкајте ја со претходно растопен маргарин и поделете ја на половина. Од една кора се прават две сармички.
3. На долниот крај на кората ставете неколку парчиња јагоди и малку сецкано бело чоколадо, а преку целата кора наросете сецкани ореви. Потоа двете надворешни страни од кората свиткајте ги кон внатре и виткајте сармичка.
Повторете ја постапката со преостанатите кори.
4. Вака подготвените сарми наредете ги во соодветен намрсен плех и печете на 200 степени околу 10 минути или додека поруменат.
5. Во меѓувреме подгответе го шербетот. Во тенџере на оган ставете ги водата, шеќерот и ванилиниот шеќер да варат. Откако ќе зоврие течноста оставете нека врие 10 минути. Во подготвениот шербет додадете ја течноста од исцедените јагоди.
6. Оставете шербетот малку да олади и потурете го врз слатките сарми.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови