Стандарден начин на подготовка на сарми од лозов лист ми е со мелено месо и ориз. Еднаш експериментално пробав да ги направам посни и најголемото изненадување ми беше кога му дадов на сопругот да руча, не ги ни препозна дека филот е сосема поинаков. Преубави се, особено во комбинација со кисело млеко.

Подготовка
Прво иситнете ги кромидот и морковите во сецко и запржете ги на масло неколку минути.
Додадете го оризот, измешајте, додадете зачини и 100 мл од доматниот сос (другата половина ќе ја додадете подоцна).
Ставајте од мешавината на горниот среден дел од листот и свиткајте сарми.
Редете ги сармите во тенџере или подлабока тава, јас ја користев Делимано тавата со стаклен капак која ја користам и за пржење и за варење.
Откако сите сарми ќе бидат готови, додадете вода околу 5 шоли (соодносот ориз-вода е на 1 шола ориз - 3 до 3,5 шоли вода).
Ставете да се варат околу 40тина минути, внимавајте да има вода во садот, и на крај во едно филџанче растворете 1 лажица брашно со малку вода, додадете ги останатите 100 мл од доматниот сос, може и малку црвена пипер и сол да додадете и додадете го овој прелив врз сармите и оставете да поварат уште 5 минути. Течноста која била во садот ќе се згусни како сос.
Сервирајте со кисело млеко.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови