Слатки плетенки
Квасецот се става во замлачено млеко да стаса. Со стасаниот квасец се замесува тесто од сите состојки. Се меси убаво и се остава да кисне. Одкако ќе стаса се премесува и се остава да стаса по втор пат.
Стасано тестото се дели на два дела.
Од секој дел се сука кора. Едната кора се премачкува со мармалад и од неа се виткаат три помали ролнички кои потоа се свиткуваат во плетенка.
Од втората кора се сечат лентички со ширина од 2-3 сантиметри и на секоја втора се реди суво грозје. Се преклопува една празна со една полна лента и се ролаат плетенки. Се ставаат во подмачкан плех да стасаат и се печат околу 50 минути на 180 степени.
Сувото грозје пред да се нареди се попарува со врела вода и неколку капки екстракт од рум.
Овие слатки плетенки се одлични за појадок со чаша топло млеко,со кафе ,чај а и одлична ужинка може да бидат
Лиценца: Сите права се задржани