19
дек
2015
Слатки палачинки од тиква
Миризливи, меки, вкусни слатки палачинки.
Во еден сад се става исчистената тиква да се вари, да омекни.
Потоа се процедува од водата и се остава во цедалка да се исцеди.
Во друг сад се спојуваат јајцето, млекото, шеќерот, миризливите зачини.
Постепено се додава пециво, сода бикарбона, брашно и пирето од тиква.
Убаво се промешува и се остава смесата да одстои 30 минути.
Потоа на умерен оган се пржат мали палачинки, одприлика по 1 минута од двете страни.
Сервирате со џем, мед, јаворов сируп, еурокрем....
Јас ги сервирав со џем од малини и боров мед.
Лиценца: Сите права се задржани