Мошне вкусен десерт, без печење, а и без варење на филови.Тортичките на Винчини со премаз од џем со вкус на кајсии и какао прелив му даваат посебен шмек и го прават секој залак вистинско уживање. Пробајте го! -))))

Правоаголен калап обложуваме со најлонска фолија.
Страниците ги обложуваме со тортичките.Секоја тортичка е засечена на три дела, се раздвојува и поединечно се редат. За појасно видете ги дополнителните фотографии.

Ја матиме слатката павлака со шеќерот и ванилата.
Кога е добро изматена ја додаваме киселата павлака. Ја соединуваме матејќи со миксер.

Добиената смеса ја делиме на три дела.
Во првиот дел додаваме рендано чоколадо. Промешуваме.
Во вториот дел-пирето од кајсии.На кајсиите им ги вадиме коските и ги блендираме во нутрибулет. Соединуваме со мешање.
Во третиот дел-пирето од бананата и еурокремот. Убаво соединуваме.

Сега во подготвениот калап го нанесуваме делот со рендано чоколадо.
Врз него делот со кајсии, а завршуваме со делот со бананата и еурокремот .
Ги доредуваме тортичките, уште две (2 по 3) мене ми останаа.
Завиткуваме убаво со фолијата и го ставаме калапот во фрижидер, за убаво да се стегне тортата, за да може да се сече.Најдобро преку ноќ.

Потоа го отпревртуваме калапот на соодветна чинија и украсуваме.
Пред служење нека отстои тотрата во длабоко замрзнување, тогаш имаме сладолед.

Уживајте!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани