Сирењачи
1. Се замесува тесто од млеко, јајце, сол, шеќер, квасец, брашно и масло.
2. Тестото се остава да нарасне околу 10 минути, па потоа се дели на топчиња. Секое топче е расукува правоаголно, се полни со фил и се формира како полжавче. Се става на намастен плех. Се покрива плехот со крпа, па се остава така да отстои околу еден час.
3. Одозгора се премачкува со жолчка и млеко. Може да ставите и сусам. Потоа се пече околу 30 минути во загреана рерна на 200 степени. Печени се премачкуваат со путер.
На здравје!!!
Лиценца: Сите права се задржани