Домашен сладолед со различно овошје, бобинки и чоколадо. Структурата на Семифредото фактички е сурови јајца и слатка павлака со повисок процент на масленост. Вкусот зависи што ќе изберете да ставите, голем изборот е, просторот за имагинациии е неограничен. Семифредото може да се служи и со разни сосови. За него велат дека е традиционален Италијански домашен сладолед.
 
Најпрво направете ја подготовката од состојките односно на ситни коцки исецкајте 100 гр. чоколада и оставете настрана.
1. Жолчките разматете ги со шеќерот и ставете ги над лонец во кој врие вода (значи на пареа) и мешајте со миксерот непрекинато додека не забележите дека веке е кремасто - тоа е накаде 4-5 мин.
2. Тргнете садот од парета и веднаш ставете го садот во кој веќе имате искршено 200 гр. чоколада да се топи на пареа. Откако ќе се стопи чоколадата, ставете ја кај кремот од јајцата, измешајте и оставете малку да олади.
3. На слатката павлака додајте го екстратот од ванилата и смаете во цврста пена. Лажица по лажица ставајте од павлаката кај кремот од јајцата и чоколадата и лесно размешајте.
4. Во добиениот крем додадете останатото чоколадо од 100 гр. кое сте го исекле на ситни коцки и малините, измешајте лесно, истурете во модла 10х30 која сте ја послале со хартија за печење и оставете во замрзнувачот најмалку 4 -5 часа.

Бидејки е осетлив на топлина сечете го веднаш пред служењето, а можете наместо во еден сад да го распоредите во повеке садчиња во кој ќе го служите.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани