Селски леб што не се меси
1. Брашното, квасецот и солта се ставаат во длбок сад и на суво се промешуваат. Со брашното може да се експериментира-на пр.1 чаша бело брашно, 1 ржано и 1 интегрално. Рецептот по тоа прашање е доста флексибилен.
2. Се додава водата и набрзина се промешува со лажица да се изедначи.
3. Се остава покриено да одстои 12 часа(најдобро во пластична кеса)
4. Се промешува со лажица.
5. Се остава да стои уште неколку часа додека се појават меури на површината на тестото.
6. Тавчето се прекрива со пекпапир и во него се истура тестото. Се остава да стои уште 2 часа.
7. Се попрскува одозгора со брашно и се пече во загреана рерна на 250 ст.С - 5 мин., потоа се намалува температурата и се пече уште 30 мин. до кафејавкаста боја.
8. Се вади од рерната и од тавчето, се завиткува во крпа и се остава така да стои уште еден час. Тек тогаш печењето е завшено
Овој леб се прави на принципот на бавна ферментација со што знатно се зголемува нивото на антиоксиданси во тестото. Рецептот го пронајдов пред многу години во Њу Јорк Тајмс и одтогаш редовно го правам ова лебче. Иако изгледа дека е многу захтевно за правење, ќе се изненадите колку малку вистинско време ви треба за да го спремите.
Лиценца: Сите права се задржани
утре го правам ова!