26
мар
2012
Свирипиле со буковец
Маслото и буковецот кратко време ги пропржуваме (внимаваме пиперта да не изгори).
Се додава водата и малку сол (по вкус). Кога ќе проврие се додава оцетот и се остава уште пола минутка некаде на рингла и готово!
Ова е основниот рецепт на свирипиле кој го спремаше мојата мајка (а јас го обожавав да го измакам само со леб). Меѓутоа, по желба, можете да додадете во сосот нане или оригано и ловорово ливче.
И уште нешто, мерките се одприлика, слободно варирајте со состојките, се зависи до вкусот. Ако сакате да не е многу густо, придадете вода.
Одличен прилог за со печено месо! На здравје!
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
:))))