Целиот вкус на месото доаѓа од зачините во кои треба да отстои една ноќ. Претходно месото избоцкајте го со чепкалка за да може подобро да ги впие зачините, наредете еден ред од месото во пластичен сад и посипете малку маслиново, малку балсамиран оцет, наросете од сите наведени зачини и сувиот иситнет босилек. Свинското месо бара и трпи повеќе сол, но немојте да претерате. Јас сакам да додадам и соја сос и кари. Некако ми даваат посебен шмек. Пробајте. Целото месо зачинете го вака и оставете го фрижидер. Другиот ден е добро да го превртите- горните парчиња најдолу, за да не бидат суви.
Следен чекор е печење. Јас обично го ставам во кеса за печење и тоа месото најдолу и ете додавам во прилог компири (посолени или зачинети и со други зачини по желба), печурки, морков и кромид. Таквото месо е тоолку меко и убаво подготвено
Во случајов, бидејки беше поголема количина, печев во голема тава покриена со фолија и месото беше наредено одозгора, па беше малку по суво. Како и да е, многу е вкусно. Печете го на пемпература од 200 степени, час-час и половина, зависно колку се дебели парчињата и дали е во кеса или со фолија. На крај отворете ја кесата или фолијата да се потпече месото и да добие убава боја. Сервирајте и уживајте го со некое добро црвено винце.
Добар апетит!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови