
3
јан
2016
Свински дроб во марамица
Рецепт кој е лесен за подготовка, едноставен, но многу вкусен.
Дробовите исецкајте ги на коцки. Големината на парчињата е по желба. Секое парченце виткајте го како пакетче во марамица и редете ги во тава за печење. Додадете ги зачините и маслото.
Печете ги во загреана рерна околу еден час да зарумени марамицата.
Толку.
Реков дека е едноставно :)
Мерките се произволни, јасно е дека може да се прилагодуват на потребите.
Лиценца: Сите права се задржани
дани, со мелење не ми текнало, во наш крај вака набрзинка го прават :)