Свински дроб во марамица
Состојки
- 1 кг свинскуи црн дроб (џигер)
- 1 кг свински бел дроб
- по потреба свинска марамица
- зачини сол, бибер, мешан сув зачин и по желба малку масло
Подготовка
Рецепт кој е лесен за подготовка, едноставен, но многу вкусен.
Дробовите исецкајте ги на коцки. Големината на парчињата е по желба. Секое парченце виткајте го како пакетче во марамица и редете ги во тава за печење. Додадете ги зачините и маслото.
Печете ги во загреана рерна околу еден час да зарумени марамицата.
Толку.
Реков дека е едноставно :)
Мерките се произволни, јасно е дека може да се прилагодуват на потребите.