17
фев
2016
Сарма со машинка
Кромидот и морковот се сецкаат (во сецкото од Делимано) и се пропржуваат на зејтин. Се додава оризот, меленото месо и на крајот свежите печурки исецкани на листови. Се зачинува со сол, бибер, зачинал и црвен пипер и се додава ситно сецканиот магдонос. Со оваа смеса се полнат листовите од кисела зелка и со помош на машинката се виткаат сарми.
На машинката може да се прават и сарми од лозов лист или пак од блитва.
Добар апетит !
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови