За подготовка на салатата најпрвин се подготвува сладкиот компир. Во една здела го сечеме на парчиња измиениот и излупен батат. На страна мешаме сол, црн пипер, кари и буковец и додаваме 3 лажици маслинов зејтин. Со ова ги полеваме бататите и убаво ги мешаме.Ги ставаме парчињата на хартија за печење и ги печеме на 180 степени околу 15 минути додека да омекнат. Се оставаат да оладат.
Ги сечеме чери доматите и краставицата, им ги додаваме бататите, посолуваме,додаваме маслинов зејтин и ги ставаме во чинија за сервирање. Ги додаваме и парчињата пршута. По желба може да се додаде и малку оцет-балзамико.
Едноставно, брзо и вкусно.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови