14
јун
2022
Салата со зелен грав (мунго)
Едноставна, но превкусна и здрава салата.
1. Ако имате време гравчето може да го закисните и да го оставите неколку часа во водата. Ако не тогаш убаво измиете го и ставете го да се вари. Варењето е кратко, дваесетина минути и готово е.
2. Штом е сварено, одма исцедете го и прелијте го со ладна вода. Ставете го исечканиот кромид, доматот, магдоносот, зачинете со сол, масло и лимон па убаво измешајте. Нека постои некое време пред служење за да се спојат вкусовите.
На здравје!
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови