Смоквите,урмите и желе бомбоните ситно се сецкаат и се ставаат во длабок сад. Настрана се изработува маргаринот со шеќерот и во него се додава јајцето и повторно убаво се исработува. Во смесата од маргарин се додаваат претходно сецканите смокви,урми и желе бомбони. Сето тоа се меша да се соедини. На крај се додаваат бисквитите и повторно се меша да се добие хомогена смеса.
Се дели на 2 дека и секој дел се обликува во форма на ролат.
Чоколадото се топи со зејтинот и се прелива секој од ролатите со стопеното чоколадо.
Се остава на ладно околу 1 час да се стврдне чоколадото.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови