Рукола салата со грозје
Руколата е една здрава тревка која премногу ја сакам.
Таа е природен лек и одлична салата.
Оваа медитеранска зелена билка припаѓа на фамилијата на брокулата, зелката и кељот. Има многу витамин Ц и е убаво да се користи често.
Ја комбинирам со разни состојки, благи и кисели.
Овој пат со бело грозје кое дополнително и дава вкус на салатата.
Помешајте ги сите состојки заедно откако ги измивте добро.
Руколата обично ја мијам порано, па ја ставам во цедалка да се исцеди добро.
Доматчињата ги исеков на половинки. Сирењето треба да е тврдо да стои во салатата, да не се рони.
Зачинете и промешајте.
Руколата ја имам скоро секој ден на моето мени.
Ќе се потрудам да ги внесам и другите рецепти со неа.
На здравје
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови