Ружа со мелено месо (на пареа)
Подготовка
1. Во брашното ставете едно лажиче сол, едно лажиче зејтин, вода по потреба, да се замеси тесто.
2. Во меленото месо исечете кромид и магдонос. Компирите исечете ги на мали коцки и додајте ги кај меленото месо. Посолете, додајте црн пипер.
3. Тестото расукајте го тенко и исечете го на ленти. Врз лентите од тестото ставете мелено месо и виткајте во форма на Ружа. Ружата ставете ја на решетка за готвење на пареа, предходно намачкајте ја со зејтин.
4. Ставете во тенџере или во мултикукер. Гответе на пареа 30 минути. Украсете ја ружата со кромид магдонос и морков.
Добар апетит!
Лиценца: Сите права се задржани
Интересно во секој случај.