Рубикова коцка (роденденска торта)
Рубикова коцка беше идејата на син ми за неговиот 8 ми роденден и ете ја направивме двајцата (некој мора да е помошник).
Најпрво ги делиме белките од жолчките, значи како што кажав за оваа торта потребни се 18 јајца.
Прво го вариме филот
Жолчките ги биеме со миксер. Во сад на страна ја ставаме водата со шеќерот и го додаваме какаото. Убаво мешаме за да нема груки и вариме на тивок оган. Ги додаваме и жолчките и постојано мешаме. Кога ќе почне да се згустува го додаваме и чоколадото. Вариме уште кратко и тргаме настрана за да се излади. Ладен го биеме со путерот.
Започнуваме со подготовка на паниспањите. Значи печиме три паниспањи, а во состојките погоре ги пишав за една паниспања. Ги биеме белките во цвсрт снег, го додаваме шеќерот, брашното, презлата, гризот и пецивото. Продолжуваме да мешаме со дрвена лажица и додавме и 2 лажици од филот. Сите три паниспањи ги печиме во ист плех обложен со хартија.
Кога ќе ги испечиме сите пандиспањи започнуваме со филовање. Ставаме една паниспања ја премачкуваме со фил,над филот редиме на цела пандиспања ресани кои претходно сме ги натопиле во газиран сок. Пак мачкаме фил и ја ставаме втората паниспања, фил, ресани пак фил и најгоре третата паниспања. Последната паниспања ја премачкуваме со многу малку фил (односно цела торта ја премачкуваме).
За фонданот убаво го месиме локумот со шеќерот и нишестето. Кога ќе биде убаво измесен оставме големо парче во кое ја додаваме црната боја и со тоа парче ја обложуваме цела торта. Од другиот фондан делиме помали парчиња и во секое ставме од сите бои. Од секое парче сучиме кора и сечиме квадрати со иста големина. На крај цела торта ја премачкав со масло со четче.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Туку да те прашам и кои бои ги користиш, или па ако имаш на располагање може и слика прилог? Ти благодарам однапред :)