Интересна тава со сос од домати.
Сос
- Испржете на маслото ситно сецканиот кромид
- Додадете во него излупениот и исецкан домат, лукот, ловоровиот лист, овкусете на сол, додадете го шеќерот. Оставете нека крчка на тивко се додека не се направи една убава компактна смеса, откако ќе е готово тргнете настрана, посипете со магдоносот.
Фил
- Измешајте ги крем сирењето со ренданото сирење, жолчката и сецканиот магдонос, додадете и ренданото лукче како и маслото, треба да добиете еден убав намаз.

Палачинките кои сте ги спремале малку подебели, наредете ги во два реда притоа секоја преклопувајки ја. Намачкајте ја вака добиената кора со намазот, замотајте во ролат полнувајки од пократката страна. Исечете на парчиња кои ќе ги наредите врз веке готовиот сос кој сте го префрлиле во модлата во која ќе печете. Нарендајте одозгора кашкавал, ставете во рерна загреана на 180 степени и нека се пече околу 15 -20 мин.
Извадете од рерна - послужете.

Совет
Филот можете да го приготвите и од други видови на сирење, да додадете во него спанаќ, некој вид на сувомеснато... се тоа по ваша желба.
Денес ставив Фета сирење во филот. Се чувствувам должна да кажам дека кога се става тврдо саламурено сирење кое е ситно рендано, се добива многу поцврст намаз и тогаш песекот на самата палачинка пред и по печењето е многу подекоративен.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани