Ролнички од модар патлиџан
Модрите патлиџани ги сечеме по должина и ги посолуваме да испуштат сок. Потоа ги пржиме во тава со малку масло за да омекнат за да можат да се виткаат во ролна. Ги оставаме настрана и го спремаме филот.
Кромидот ситно го сечкаме. И морковот ситно го сечкаме и го пржиме на масло заедно со кромидот. Додаваме ситно исечкан лук. Откако убаво ќе омекне го додаваме меленото месо и зачинуваме со мешавина зачини, сол и црн бибер. На крај додаваме ситно исечкан магдонос и босилек.
Од подготвениот фил се става врз парчињата модар патлиџан и се витка во ролна. Ролничките ги ставаме во во подмачкана тава. Потоа одозгора ставаме ситно исечкани црвени домати и се пече во рерна на 200 степени 25-30 минути. На крај наросуваме пармезан. Декорираме со шери домати и гранчиња босилек.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Драга natka78
Рецептот е многу убав и има убава фотографија, но за во иднина потруди се да ја нема датата на фотографијата.
Честитки уште еднаш :)
добредојде и добро не' најаде :) :) :) :)