Ролнички од готови кори со сирење и јогурт
Ова е денешниот појадок.
Прво во еден сад соединете ги состојките за филот. Убаво промешајте.
Сега во друг сад се соединуваат јогуртот, маслото, јајцето за премачкување на корите.
Корите се делат на половина.
Се зема една половина од кората со четка се премачкува танко со смесата, врз неа се става друга половина кора.
До половината се става од филот и се размачкува со нож.
Краевите на двете кори се завиткуваат по 1 цм на внатре и се формира ролничка.
Така се постапува со сите кори.
Се редат во плех, се премачкуваат со остатокот од смесата се наросуваат со сусам и се печат 30 мин на 200 степени.
Побрз појадок- здравје.
Лиценца: Сите права се задржани