Ролат со цвекло
Прво спанаќот го обаруваме и го оставаме да се исцеди од водата. Откако ќе се излади или исецкајте го многу ситно или испасирајте.
Во сад го ставаме брашното, киселатавода, спанаќот, пецивото и солта. Мешаме смесата да се соедини.Го премачкуваме плехот со масло и брашно и ја ставаме смесата да се печи околу 15-20 мин.
На страна вариме ориз и грашок.Парчињата цвекло ги сецкаме на коцки исто и пилешкото. Ги замешуваме заедносо сварениот ориз и грашок.
Испечената кора ја превиткуваме во влажна крпа и оставаме да одстои.
Ја отвараме кората, ја премачкуваме со павлака и врз павлаката ставаме од филот.
Го мотаме ролатот и одозгора пак премачкуваме со павлака и рендаме сирење.
Ако сакате посно може без павлака, да ја замените со посен мајонез(и без пилешкото).
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови