Прекрасен десерет од мак е мојот денешен предлог

Подготовка:

1. Во топлото млеко се става малку шеќер, квасец и лажиче брашно. Се промешува и се остава да се активира. Потоа во вангличка се соединуваат активираниот квасец, путерот, јајцата, шеќерот, маслото.
Се убаво се соединува со вилушка. Се додава брашно и се замесува средно меко тесто.
Се покрива и се остава да се дуплира.
2. Се дели на два дела. Од секој дел се сучи правоаголна кора.
3. За филот, мелениот афион се попарува со врело млеко, се додава ванила, кора од лимон и по желба шеќер,2,3 лажици. Филот се дели на два дела и се премачкуваат корите.  Се виткаат во ролат. Се ставаат во потесен, долгнавест, не многу голем плех. Се покриваат и оставаат на топло 30-ина минути.
Потоа се премачкуваат со изматено јајце.
4. Површината на ролатите се боцка со нож, со цел при печењето да не се оддели горниот слој.
Се печат да заруменат убаво. Се оставаат на решетка потполно да се изладат, па се сечи на парчиња и се сервира.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани