Ролат од месо со готови кори
Овој период некако ми тргна со штрудли и ролати.
За овој ролат ви се потребни малку состојки, а богат ручек за цела фамилија со чаша јогурт идеален.
Месото пригответе го по ваша желба, онака како вие си го приготвувате по дома за мусака, ролат, зачини по ваш вкус, јас го пропржувам само со кромид и сол и мелен бибер.
За прелив ќе треба со помош на жица да ги изматите јајцето, брашното и пецивото и филџан јогурт. Посолете малку.
За првиот ролат земете три кори, намачкајте ги со преливот (доволно е само да ги натопите да не се суви) ставете од месото околу 1/3 и заролајте.
Истото направете го и со другите 6 кори и месото.
Откако направивме 3 ролати, издвојуваме 4 кори, секоја посебно ја мачкаме со преливот
Ги ставаме ролатите врз корите како на сликата, заедно заролајте и ќе добиете еден поголем ролат.
Намачкајте го со останатиот прелив и печете на загреана рерна на 180 додека убаво не зарумени одприлика 30мин.
На здравје !
Ќе ви требаат 12 готови кори, но во едно пакување од 500гг има повеќе, така да доколку планирате да го подготвите овој рецепт, имајте во предвид да си подготвите и триаголници со сирење
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови