Ровки саларки со вино (полнети со мармалад)
Ровки и превкусни колачиња кои се топат во уста, е најдобриот опис за нив. Верувам дека ќе ви се допаднат на многумина од вас, па затоа и топло ви ги препорачувам да ги пробате, и да бидат дел од вашата празнична велигденска трпеза.
Подготовка
1. Во длабок сад го ставаме брашното и го додаваме салото (ладно и исецкано на коцкички). Со рацете салото го триеме во брашното, додека да се добие ронлива смеса.
2. Сега ги додаваме пецивото, шеќерот, ванилата и кората од лимонот. Промешуваме.
3. На крај го додаваме румот и го замесуваме тестото со додавање на виното. Добиеното тесто е меко и глатко. Го делиме тестото на 2 или на 3 дела, кои ги завиткуваме во стреч фолија и ги оставаме на пола час во фрижидер.
4. Потоа на набрашнета работна маса го ставаме едниот дел од тестото, набрашнуваме и одозгора малку и со помош на сукало расукуваме кора (дебелина 3-4мм). Сега со помош на чаша (кај мене со дијаметар 7 цм) вадиме кругови од тестото, на средината ставаме 1/2 м.л. мармалад, преклопуваме и со помош на прстите затвораме убаво, па потоа со помош на вилушка ги спојуваме краевите на тестото. Формираните колачиња ги редиме во плех (врз хартија за печење) и печеме во загреана рерна на 180 степени.
4. Печењето е отприлика (јас печев точно 15 минути) во зависност од тоа како пече вашата рерна. Битно е горната страна да остане светла, а одоздола благо да заруменат (видете додатна слика). Печените колачиња ги оставаме потполно да изладат, па потоа ги увалуваме во шеќер во прав.
Забелешка - Од оваа доза мене ми испаднаа околу 50 колачиња со таа големина. Јас тестото го поделив на 3 дела, и печев на 3 пати по 17 колачиња.
На здравје!
Лиценца: Сите права се задржани