2
јул
2020
Ризото ала миланезе
Се подготвува инстант од супата, без да зоврие. Во подлабока тава за пржење се пропржува кромидот со малку путер (околу 5 минути). Се додава оризот и се пропржува се заедно. Кога оризот ќе стане проѕирен се додава виното и се остава да вари со постепено промешување се додека виното не испари. Се додава шафранот.
Постепено се додава и супата (по 40мл. во секоја тура) и се промешува. Постапката се повторува се додека целата супа е потрошена. На крајот на готвењето, топлината се намалува значително за да се остави оризот да се одмори 1 минута. Мешајќи се додаваат и ладните коцки путер и свежо ренданиот пармезан.
На крај се зачинува со сол и бибер.
Добар апетит.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови