Превкусно рижото, лесно за подготовка, а уште полесно за јадење, едноставно уживав во секој залак. Лесно е за подготовка и релативно брзо за подготовка. За максимум 1 час од почетокот до крајот ќе имате превкусен ручек.

Подготовка:

1. Прво запржете го пилешкото во масло, додека не порумени од сите страни, потребни се околу 15 минути. Мешајте константно на максимална температура. Додадете зеленчуков зачин.

2. Потоа додадете ги сите сечкани зеленчуци и продолжете со пржење. Зеленчуците ќе ослободат вода. Пржете со постојано мешање, додека водата не испари. Потоа додадете го путерот. Нека се растопи.

3. Додадете го оризот и пржете 5 минути. Потоа додадете го виното и бујонот, додадете зачини по желба, промешајте, намалете ја температурата на тивко и покријте ја тавата со капак.

4. Варете околу 20 минути или додека цела течност не се впие во оризот. Внимавајте да не го преварите оризот, не треба да биде ни тврд ни многу мек. Тргнете ја тавата настрана и оставете ја да поседи уште 10тина минути, па потоа додека е јадењето се уште жешко, послужете.

5. Изрендајте обилно пармезан одозгора или некое друго тврдо сирење зашто рижотото нема да биде многу солено. Јас си додавам малку кари сос, а син ми пак го сака со соја сос. Двата соса се солено/слатки. Сите комбинации се убави.

Немам многу фотки зашто работев со 1 рака.
На здравје.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови