Осличот исечкајте го на средни парчиња, зачинете го и ставете го во поголемо тенџере. Осличот покријте го со вода и ставете го да се вари, додека да омекне околу 15-20 мин. на средна температура. Откако рибата се сварила исцедете ја (водата оставете ја во тенџерето) и оставете да ја да се подолади да можете да ја фатите во рака.
Додека се лади рибата исечкајте ја тиквичката, кромидоти морковот на ситни коцки. Ставете ги да се варат во ладна посолена вода додека омекнат. Додека тиквичката и морковот се варат исчистете ја рибата од коските и убава исцепкајте ја со раце. Вратете ја во тенџерете во која се варела, додајте го исцедениот варен зеленчук, ставете малку масло и долијте вода по желба, од тоа колку сакате да ви биде ретка/густа чорбата. Додајте магданос и оставете уште малку да се повари. Одделете вода во која се варелеа рибата и измешајте ја со брашното во густа смеса и истурете ја во чорбата, варете уште 5 мин. и оставете малку да се подолади и послужете ја топла или ладна со парче лимон. =)
По желба може да ставите варен ориз или компир наместо тиквичка,..

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови