
24
мар
2013
Растурена сарма со свежа зелка
Во поголема тава ставете масло и во него додајте го сецканиот кромид, ренданиот морков и пржете додека омекнат. Додајте го доматот ( без лушпа) и месото. Пропржете додека месото ја промени бојата, а потоа додајте го оризот и исецканата зелка.
Убаво упржете ги сите состојки, додајте го магдоносот и зачинете со мешан зачин, црн бибер и црвен пипер.
Налејте вода( колку благо да ја прелие смесата), поклопете ја тавата и варете на тивок оган.
Лиценца: Сите права се задржани