Испечати

Растурена сарма со свежа зелка

Растурена сарма со свежа зелка

Состојки

  • 1 помала зелка
  • 300гр, мелено месо
  • 100гр. ориз
  • 1/2 главица кромид
  • 1 морков
  • 1 лажица магдонос
  • 1 домат
  • по потреба мешан сув зачин, црн бибер, црвен пипер

Подготовка

Во поголема тава ставете масло и во него додајте го сецканиот кромид, ренданиот морков и пржете додека омекнат. Додајте го доматот ( без лушпа) и месото. Пропржете додека месото ја промени бојата, а потоа додајте го оризот и исецканата зелка.
Убаво упржете ги сите состојки, додајте го магдоносот и зачинете со мешан зачин, црн бибер и црвен пипер.
Налејте вода( колку благо да ја прелие смесата), поклопете ја тавата и варете на тивок оган.