Меки, мекички...За љубители на лук, ова се едни екстра бухтли.
Подготовка
Квасецот, шеќерот, водата и млекото кои ни се загреани ги соединуваме и оставаме околу 10 минути да се раствори квасецот.
Лукчето го лупиме и го поминуваме низ преса или алатка Делимано што го сече на коцки. Путерот го загреваме да се растопи.
Во садот од статичен миксер, го ставаме брашното, лукчето, путерот и ја додаваме течноста со квасецот. Почнуваме да матиме со жици за месење тесто т.е. да си мати миксерот. Кога смесата ќе се соедини и тестото стане еластично по околу 10 минути матење, садот го покриваме со најлонска фолија и го оставаме да стаса, да се дуплира (45-60 мнути). Откако ќе стаса, го размесуваме кратко и правиме оклу 16 топчиња кои ги редиме во тава бр. 24. Ги оставаме да стасаат околу 1 час. Пред печење ги премачкуваме со стопен путер, ги наросуваме со пармезан и сув магдонос. Ги печеме во загреана рерна на 180 степени додека да поцрвенат или околу 20 минути. Оставете ги да се изладат после печење и уживајте во вкусот.
Забелешка
Тестото го замесив во миксер, а вие како сакате , може и брашно. Важно е да биде убаво и добро умесено, еластична структура да има и убаво да стасува. Направив повеќе топчиња за да ми се распоредат убаво во тавчето.