Мислам дека веќе знаете колку ги сакам боровинките. Од таму и идеата да се направат вакви тортици кои излегоа навистина вкусни. Тестото потсетува на индијанки, ама вкусот и изгледот на финалниот производ е сосема различен. Инаку на домашните искрено да ви кажам не очекував толку да им се допаднат, ама помини –замини, за час ги снема.

Подготовка
1. Ги двоиме жолчките од белките. Во брашното го мешаме пецивото.
2. Путерот и половина од шеќерот во прав ги матиме, па полека додаваме една по една жолчка, додека да се измазни смесата. Постепено го додаваме брашното и млекото и матиме на прва брзина на миксерот.
3. Белките пенасто ги матиме со втората половина од шеќерот. Ги сединуваме со првата смеса, ама лесно со шпатула, за да ни остане воздушеста смесата.
4. Сето ова го ставаме во плех од рерна во кој сме ставиле хартија за печење. Печеме на 180 степени околу 15-20 минути. Кога тестото ќе излади од него со кружно калапче вадиме кругови.
5. За подготовка на мусот од боровинки најпрво ги ставаме боровинките со шеќерот и водата да провријат неколку минути. За тоа време во 2-3 лажици вода го потопуваме желатинот да набабри.
6. Откако ќе провријат боровинките го ставаме желатинот и промешуваме убаво да се раствори. Откако ќе подолади малку ги ставаме во блендер и ги миксираме до кашаста смеса. Повторно ги оставаме сосема да се изладат.
7. Слатката павлака ја матиме, ама внимаваме да не се премати и во неа ја ставаме смесата од боровинки. Продолжуваме со матење до соединување.
8. Ја ставаме смесата во шприц и на половина од круговите ставаме од мусот, врз мусот ставаме круг тесто и повторно филуваме со мусот од боровинки. Украсуваме по желба.

Забелешка
За печење на ова тесто ја искористив делимано големата тава за печење, а не големиот плех од рерна, така да знаете ако го користите плехот од рерна ќе ви излезе малку пониско тестото, ама ќе имате и повеќе тортици.
Калапчето ми е со пречник од 6 см.
Во тестото можете да ставите и малку повеќе шеќер, доколку сакате да ви бидат поблаги.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани