Пура баклава со путер, лешници и чоколадо
Во подлабок сад се соединуваат состојките за фил, сем путерот и морското оревче. Се земаат две кори. 1/3 од корите се предиплува кон средина. На почетокот од корите се ставаат 3 лажици од филот. Се завиткува во ролат. Се редат во намрсен плех. Постапката се повторува додека се потрошат корите и филот. Се сечат на должина од 5-6 цм.. Се полева со лажица од растопениот жежок путер. Се пече во загреана рерна на 180 степени 30-35 мин.,додека убаво порумени, зависно од рерната. После печење се наросува со малку морско оревче. Се остава убаво да се излади, па потоа се полева со топлиот шербет. За шербетот се зовриваат водата и шеќерот со ванилата. Штом зоврие се додава малку лимонов сок и се продолжува да се вари на умерен оган уште 15 на минути. При крај на варењето се додаваат круговите лимон. Се остава 5 мин. да подизлади и се полева ладната баклава. Се остава баклавата убаво да впие, па се послужува. На здравје!
*По извесно време, ги превртувам парчињата за поубаво да примат.