![Пудинг од чиа семе од Натура](https://moirecepti.mk/content/uploads/2019/08/viber_image_2019-08-11_16-24-38-207d78-800x594.jpg)
15
авг
2019
Пудинг од чиа семе од Натура
Прво 400 милилитри млеко и 6 лажици чиа семе од Натура се мешаат и се остават во
еден сад со поклопец, да стојат преку ноќ.
Во смесата од млеко и чиа семе се додаваат 2 лажици мед и се меша.
Во едната чаша се става ред од смесата,ред сечена банана и цимет, ред од смесата, пак
банана и цимет.
Во втората чаша се става ред од смесата, ред сечена диња и сечени ореви, пак од
смесата и диња со ореви.
Чашите со пудингот можат да постојат уште 15 минути во фрижидер пред служење