Прво во еден сад го ставаме брашното, пецивото и по 1 лажица од ленот и интегралниот сусам. Заедно мешаме со лажица.
Се матат 3 јајца и 1 лажичка сол со миксер. Потоа се додават сирењето,зејтинот,јогуртот и киселата вода. Матејки постепено се додаваат брашното, пецивото ленот и интегралниот сусам.
Смесата ја истураме во подмачкан плех со масло и брашно. Одозгора наросуваме семки од тиква, лен и интегрален сусам од Натура. Се пече во загреана рерна на 180-200 степени ококу 25 минути.
Чашите со кои мерев се од 200 милилитри.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови