Испечати

Проја со семиња од Натура

Проја со семиња од Натура

Состојки

  • 3 јајца
  • 1 лажичка сол
  • 3 чаши пченкарно брашно
  • 1 чаша пченично брашно
  • 1 пециво
  • 1 лажица ленено семе од Натура
  • 1 лажица интегрален сусам од Натура
  • 100 гр кравјо сирење
  • 1/2 чаша зејтин
  • 2 чаши јогурт
  • 1 и 1/2 чаши кисела вода
  • За поросување
  • семки од тиква лен и интерален сусам од Натура

Подготовка

Прво во еден сад го ставаме брашното, пецивото
и по 1 лажица од ленот и интегралниот сусам. Заедно мешаме со лажица.
Се матат 3 јајца и 1 лажичка сол со миксер. Потоа се додават сирењето,зејтинот,јогуртот
и киселата вода. Матејки постепено се додаваат брашното, пецивото ленот и
интегралниот сусам.
Смесата ја истураме во подмачкан плех со масло и брашно. Одозгора наросуваме семки
од тиква, лен и интегрален сусам од Натура. Се пече во загреана рерна на 180-200
степени ококу 25 минути.
Чашите со кои мерев се од 200 милилитри.