25
авг
2015
Природен сок за добро утро
Одличен сок за добро утро.
Морковот дава енергија, го одсртанува заморот, јаболкото помага во регулирање на телесната тежина, на холестеролот, на крвниот притисок.
Морковот и јаболкото, надоплонети со сок од лимон и диња, ливчиња нане, се одличен антиоксиданс и прочистувач на организмот.
Едноставен за подготовка до колку имате соковник. Мојот соковник да имаше уста ќе прозбореше, користен е милион пати.
( во моментов е на акција)
Значи сите состојки се ставаат во соковник, сокот се збира во чаша и веднаш се консумира, свеж.
До колку немате соковник, може да се изрендаат и исцедат преку газа овошјата.
Лиценца: Сите права се задржани