За тестото
Се зоврива водата со солцата и маслото, се додава просеаното брашно и се вари на рингла со постојано мешање, додека се собери тестото во топка и на дното се направи топка.
Се остава да се излади, но не премногу, бидејки нема убаво да се поврзат јајцата со тестото.
Во млакото тесто се додаваат јајцата, едно по едно. Се мати со маталките за тесто или пак со рака. Тестото не треба да биде ни премногу меко, ни премногу тврдо, зошто нема убаво да нараснат еклерите. На крај се додава пецивото. Убаво се поврзува и тоа.

Потоа се прават форми, можи со шприц или со две мали лажичиња.

Пред да се ставаат да се печат се попрскуваат со рака, малку со вода.

Се печат во загреана рерна и тоа околу 40 мин, прво на 220-15 мин., па на на 180- 25 мин, но тоа зависи од рерната. Додека се печат, не се отвора рерната!

Ладни се пресекуваат, во висина нешто повеќе од пола.

За филот
Во околу 200мл. се раствораат брашното, пудингот, се додаваат јајцето и жолчките. Се’ убаво се мати со миксер.
Остатокот од млекото се зоврива со шеќерот и ванилите. Само што ќе почни да врие, веднаш се додава разматената смеса, со постојано месање. Не се додава во многу зовриено млеко, бидејки можат да се направат грутчиња.
Се вари на умерен оган со постојано мешање.

Се остава да се лади, но не целосно, да биди млако.
Путерот кој претходно стоел на собна температура се мати и во него се додава лажица по лажица од кремот. Значи двете смеси на скоро иста температура, собна.

Се филоваат крофните со шприц или се полнат со лажица.

Одозгора глазура
Над пареа се топи 100 гр. чоколадо со 4-5 лажици слатка павлака.

Кога се филоваат се крцкави, а потоа по извесно време омекнуваат, меки како душа....

Уживајте ❣

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани