Прилепска турли тава
Во земјена тава (или во пекач )се ставаат маслото, сецканиот кромид и телешкото месо .
Се насолува и се остава во релна да се пржи околу еден час.
Повремено промешуваме.
Кога ќе испари водичката што ја пуштило месото, ја вадиме тавата од релната.
Во земјената тава се додава .сецкан зеленчук- зелени пиперки, црвени домати, моркови, црн домат, тикве, бамја, магдонос.
Се промешува, се додава зачин и црн пипер и се враќа во релна и се остава да се пржи , се додека водата од зеленчукот не испари.
Повремено промешуваме.
Се вади од релната ,( нека одстои 5 минути со цел да не ни изгори црвениот пипер)се додаваат 2 лажици црвен пипер , промешуваме и се налива околу еден литар вода.
Се врака во релната да крчка околу 30-45 минути.
Потоа се вади од релната и се додава. излупен компир
.Се врака во релната и се печи околу 30 минути.
Се сервира со чаша црвено вино.
Традиционален начин на подготовка на Прилепска турли тава.
Вака ја спремааше мојата баба, па мајка ми и сега веќе 25 години јас.
Значи рецептот е многу стар.
Во некои краеви на Македонија посебно го пржат секој зеленчук, но на ваков начин спремената турли тава има посебен шмек и вкус, и не бара стоење долго време за поединечно пржење.
Зеленчукот се пржи во релна при што се спојуваат сите вкусови.
јас спремав 2 тави, една само со чиста удина , а една со месо со коска
Лиценца: Сите права се задржани