Пржен караш
Карашот е риба која што ја има достапна секаде. Во својот состав таа е богата со витамини А, Б, Ц, Д... Убаво е да се конзумира барем еднаш во неделата, заради тоа што е извор на минерали и витамини. Може да се спрема како печена, но јас ја подготвив пржена. Мојот начин е едноставен.
1. Во сад замешав три лажици полни брашно, со една лажица црвен пипер. Наросив сол и црн бибер, а потоа таа смеса добро ја промешав. По правило, рибата треба да се измие и исуши со кујнска хартија, а потоа да се исецка по површината, на многу вдлабнатини, една до друга. Потоа така спемната риба да се извалка добро во мешавината, да навлезе во внатрешноста секаде од мешавината. Пресеците да и бидат полни, па кога ќе се пржи убаво да се отворт и пресеците. Е јас овој пат не ја пресеков имав и посебна причина за тоа, можеби некој друг пат ќе си пишеме повеќе и за карашот како јака Сибирска риба.
2. Маслото треба да е врело. Пуштајте ја рибата внимателно нека се пржи убаво од двете страни. Кога е готова вадете ја на кујнска хартија, нека ја прими маснотијата.
Служете ја со лимон.
Карашот има многу коски, па бидете претпазливи во јадењето.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови