Пржен зеленчук на кинески начин
Прво морам да напоменам дека користените состојки можат да се менуваат...според вашиот вкус и според сезоната... или според тоа што го имате во фрижидер :)
Исечкајте го зеленчукот на тенки ленти (не важи за брокулата, карфиолот, боранијата). Загрејте ја вок тавата, па потоа додајте малку масло и оставете убаво да се загрее. И почнете со пржење: прво кромидот (2 минути), па додадете го морковот (2 минути), па пиперките, па карфиолот, боранијата, тиквичката, брокулата и на крај зелката. Постојано промешувајте со дрвена лажица и внимавајте зеленчукот да не се препржи (бидејќи сепак треба да се сервира малку крцкав). Зачинете со малку сол и бибер и готово!
Супер оди во комбинација со пилешко во слатко-кисел сос...или ориз на кинески начин...Пријатно!
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови