Испечати

Пржен зеленчук на кинески начин

Пржен зеленчук на кинески начин

Состојки

  • 1 кромид
  • 1 морков
  • 1 црвена пиперка или бабура
  • 1 зелена пиперка или бабура
  • 100 гр. зелка
  • 50 гр. жолта боранија
  • 50 гр. зелена боранија
  • 100 гр. брокула
  • 100 гр. тиквичка
  • 50 гр. карфиол

Подготовка

Прво морам да напоменам дека користените состојки можат да се менуваат...според вашиот вкус и според сезоната... или според тоа што го имате во фрижидер :)

Исечкајте го зеленчукот на тенки ленти (не важи за брокулата, карфиолот, боранијата). Загрејте ја вок тавата, па потоа додајте малку масло и оставете убаво да се загрее.  И почнете со пржење: прво кромидот (2 минути), па додадете го морковот (2 минути),  па пиперките, па карфиолот, боранијата, тиквичката, брокулата и на крај зелката. Постојано промешувајте со дрвена лажица и внимавајте зеленчукот да не се препржи (бидејќи сепак треба да се сервира малку крцкав).  Зачинете со малку сол и бибер и готово!

Супер оди во комбинација со пилешко во слатко-кисел сос...или ориз на кинески начин...Пријатно!